ДOMA
PrimaPHARM
Prima PHARM претставува нов апликативен пакет наменет за евидентирање на малопродажба во Аптеките.
Главна цел при креирањето на овој продукт беше да се добие систем кој ќе биде лесно управлив, ќе ги опфаќа сите потребни податоци од медицински и финансов аспект, ќе биде брз, ефикасен и едноставен за користење, а истовремено ќе биде достапен до крајните корисници по прифатлива цена на чинење.
Поради тоа развојот и дизајнот е реализиран во консултација со тим од искусни фармацевти, кои повеќе години работат во приватниот сектор на ПЗУ, со цел да ги задоволи потребите на аптеките како ПЗУ.
Имплементацијата е изведена со најновите технологии од информатичката област и гарантира сигурно и квалитетно управување со податоците, како и нивна ефикасна обработка со цел добивање на вредни извештаи од медицински, статистички и финансов аспект.
Се надеваме дека вака реализиран, Prima PHARM ќе биде идеален асистент за секој фармацевт, алатка што едноставно треба да биде присутна во секоја аптека.



